Школата на Работнички ги собра трофеите на „Сандански Куп“
Пионерско – младинската школа на Работнички продолжува да ниже успеси на меѓународна сцена. Четири селекции на нашиот клуб беа учесници на меѓународниот турнир „Сандански Куп“ во Бугарија и ги освоија првите места во своите конкуренции.
Генерациите предводени од Драги Стојановски, Горан Станковски, Баже Јанакиевски и од Ивица Аврамовиќ, ги освоија првите позиции во младинска, кадетска и во пионерска конкуренција. Секако, големи заслуги за успесите има и координаторот на пионерско – младинската школа, Баже Лазаревски.