Ецкоски ќе го суди мечот Работнички – Шкупи в недела
Работнички в недела, со почеток во 14 часот, ќе го пречека тимот на Шкупи во рамките на 21.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Денеска беа одредени и службените лица за овој меч.
Натпреварот ќе го суди Марјан Ецкоски од Охрид, а ќе му помагаат Жарко Тодоровски (Охрид) и Никола Божиновски (Скопје). Четврти судија ќе биде Фатон Мустафи (Тетово).
Делегат на натпреварот е Борче Мирчески од Тетово, а за контролор е одреден Ванчо Костенчев од Штип.