Голманот Шишковски на списокот на селекторот Милевски
Голманот на Работнички, Дамјан Шишковски, се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски за настап во младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година за претстојните два квалификациски натпревари против Исланд во Скопје и против Франција во Ле Ман. Тој е еден од тројцата повикани голмани, заедно со Игор Алексовски (Македонија ЃП) и Филип Илиќ (Металург).
Овојпат поради повреда во националната селекција до 21 година не е повикан Кире Маркоски, кој инаку е стандарден член на репрезентацијата. Сепак, повредата на бутниот мускул веќе подолг период го оневозможува да настапува стандардно и за тимот на Работнички.