Силјановски и Цикарски повикани во А-репрезентацијата на Македонија
Фудбалерите на Работнички, Горан Силјановски и Мите Цикарски, добија повик за настап во А-репрезентацијата на Македонија за претстојните пријателски натпревари против Словенија (23.март) во Копер и против Бугарија (29.март) во Скопје. Тие се најдоа на списокот од 18 фудбалери на селекторот Игор Ангеловски, конкурирајќи за позициите во одбраната.
Што се однесува до списокот, за потенцирање е враќањето на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, во нашата национална репрезентација.