Сите категории од младинската школа со реални шанси за куп – финале
Сите возрасни категории од младинската школа на ФК Работнички ги задржаа реалните шанси за пласман во финале на Купот на Македонија.
Младинскиот тим загуби од Вардар со 4-3 на гости во с. Марино, но реваншот по три седмици ќе го игра на домашен терен. Нашите надежи во текот на мечот имаа и водство од 1-2, но, на крајот сепак загубија минимално, постигнувајќи три погодоци.
Кадетскиот тим на Работнички загуби со 2-1 од Академија Пандев и исто така реваншот ќе го игра на домашен терен.
Пионерите му гостуваа на Милано во Куманово и одиграа 0-0, додека помладите пионери на домашен терен остварија предност од 2-1 во дуелот со Шкендија.