Со Шкендија в сабота од 16 часот
Работнички својот натпревар од 24. коло против екипата на Шкендија го закажа ден порано од редовниот термин.
Така, оваа дерби средба наместо в недела на програмата ќе биде в сабота, 2 април, со почеток во 16 часот. Клубот напоменува дека во употреба ќе биде пуштена само јужната трибина, по препорака на арената „Филип втори“, а поради почеток на градежните активности што во наредниот период ќе се извршуваат на северната трибина на нашиот најголем стадион.
Новинарските екипи и понатаму своите активности ќе ги извршуваат од северната трибина.