Дербито со Вардар в среда, од 18 часот
Натпреварот од 25.коло меѓу Вардар и Работнички ќе се одигра в среда, со почеток од 18 часот. Двата клуба се согласија дербито да се игра два часа подоцна од регуларниот термин, се со цел поголем број фудбалски вљубеници да можат во живо да го проследат градското дерби.
Работнички во период од само четири дена го очекува уште еден дерби дуел. По поразот од Шкендија (0-1), избраниците на Томислав Франц ќе ги одмерат силите со Вардар.