Мечкаровски ќе го суди мечот Вардар – Работнички
Работнички утре (18 часот) на арената „Филип Втори“ ќе ги одмери силите против Вардар, во рамките на 25.првенствено коло од Првата фудбалска лига. Одредени се и службените лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Димитар Мечкаровски (Скопје), а ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петрески. За четврти судија е одреден Сашо Иванов (Штип).
Делегат на натпреварот ќе биде Антонио Насевски (Кратово), а контролор е Делчо Јакимовски (Скопје).