Фатон Мустафи ќе го суди мечот Работнички – Хоризонт Турново
Забрзаниот прволигашки ритам продолжува и претстојниот викенд. Работнички на арената „Филип Втори“ ќе го пречека тимот на Хоризонт Турново, а правдата на овој дуел ќе ја дели судијата Фатон Мустафи од Тетово.
На Мустафи ќе му помагаат Насуф Латифи (Брвеница) и Дарко Јовчевски (Тетово), а четврти судија ќе биде Симеон Стефков (Скопје).
Делегат на овој натпревар ќе биде Гоце Шопоски од Струга, а за контролор е одреден Марјан Ристески (Кичево).