Марко Пушкариќ повикан во репрезентацијата на Хрватска до 19 години
Младиот хрватски интернационалец од редовите на Работнички, Марко Пушкариќ, доби повик за настап во националната селекција до 19 години на својата земја.
Тој е повикан да биде дел од репрезентацијата на „коцкестите“ на пријателските натпревари против Катар, што ќе се одиграат на 19.април и на 21.април во Сесвете, Хрватска.
Напаѓачот треба на 18.април да се стави на располагање на националната селекција.