Александар Ставрев ќе го суди мечот Брегалница – Работнички
Работнички в недела, со почеток во 16 часот, ќе и гостува на Брегалница на Градскиот стадион во Кочани, во рамките на 27.коло од Првата фудбалска лига. Главен судија на овој натпревар ќе биде Александар Ставрев од Скопје, а ќе му помагаат Марјан Кировски и Игор Ширилов. Четврти судија ќе биде Далибор Ѓорѓевски (Куманово).
За делегат на натпреварот е одреден Борче Мирчески (Тетово), а контролор ќе биде Златко Неделкоски (Скопје).