Пораз од Брегалница во Кочани
Работнички доживеа пораз од Брегалница на гостувањето во Кочани. Нашиот тим загуби со 2-1 и плејофот во Првата фудбалска лига ќе го стартува од петтата позиција на табелата, со освоени 36 бода.
Избраниците на тренерот Томислав Франц не го започнаа мечот против Брегалница на посакуваното ниво. Во 20.минута, Ѓорѓи Танушев го отвори резултатот во корист на штипјани, а седум минути подоцна, Стефан Костов зголеми на 2-0.
Во вториот дел, Работнички беше подобар противник, а Марјан Алтипармаковски во 65.минута успеа да ја намали негативата на 2-1. Сепак, на крајот Брегалница ги освои трите бода на овој меч, со кои успеа да се пласира во плејофот.
Работнички во првото коло од плејофот ќе и гостува на Шкендија во Тетово.
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 2-1 (2-0)
Градски стадион во Кочани. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Стрелци: Танушев 20’, Костов 27’ (Брегалница), Алтипармаковски 65’ (Работнички).
БРЕГАЛНИЦА: Павлов, Ристовски, Танушев (46’ Никовски), Христов, Стојанов, Костов, Темелков (78’ Илиев), Митров, Коцев, Велинов (62’ Георгиев), Нацев.
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски (90’ Кудијан), Илиевски, Најдовски, Цикарски, Трајчевски, Петровиќ, Најденов, Галиќ (71’ Јованоски), Пушкариќ (46’ Ристовски), Алтипармаковски.