Фатон Мустафи ќе го суди мечот Брегалница – Работнички
Работнички в недела ќе гостува во Кочани, каде ќе ги одмери силите со тимот на Брегалница. Овој меч ќе го суди Фатон Мустафи од Тетово, извести денеска Фудбалската федерација на Македонија.
На Мустафи ќе му помагаат Иса Емурли (Јегуновце) и Небојша Ѓорѓијевски (Брвеница). Четврти судија ќе биде Симеон Стефков (Скопје).
За делегат на натпреварот е одреден Цветко Костовски (Скопје), додека контролор ќе биде Марјан Ристески (Кичево).