Работнички одреден за домаќин во финалето на Купот против Шкендија
Нашиот клуб официјално ќе биде делегиран како домаќин на финалниот меч од Купот на Македонија против Шкендија, кој ќе се одигра на Националната Арена „Филип Втори“ на 16 мај (понеделник), со почеток во 20 часот. Ова е одлучено на техничкиот состанок во Фудбалската федерација на Македонија, на кој присуствуваа претставници на двата клуба.
Работнички ќе игра во спортска опрема со бело-црвена комбинација, додека Шкендија ќе настапи во „црвено-црна“ комбинација.
Нашиот тим официјалниот тренинг во пресрет на финалето, ќе го одржи на 15 мај, со почеток во 20.30 часот, на Националната Арена „Филип Втори“.