Херера: Одиме на победа против Брегалница
Работнички утре (16 часот) гостува во Кочани каде ќе ги одмери силите со Брегалница во рамките на петтото коло од плејофот во Првата фудбалска лига. Иако се ближи финалето на Купот, сепак, избраниците на Томислав Франц нема воопшто да калкулираат и посакуваат триумф на дуелот со штипскиот тим.
Младиот Себастијан Херера се надева на „романтично“ попладне на утрешниот натпревар.
„Одиме на победа против Брегалница. Во серија сме од два последователни триумфи и сакаме да продолжиме во победнички стил. Го респектираме составот на Брегалница, но мислам дека сме поквалитетен тим и тоа треба и да го покажеме на утрешниот меч. Победата би била добредојдена и за задржување на одличната атмосфера во тимот во пресрет на финалето на Купот против Шкендија, што не очекува на 16 мај“, вели Херера.
Главен судија на утрешниот меч ќе биде Фатон Мустафи (Тетово), а ќе му помагаат Иса Емурли и Небојша Ѓорѓијевски.