За куп-финалето: Билетите од блок 1 и 2 наменети за Работнички
Работнички в понеделник (16 мај) го игра финалето на Купот на Македонија против Шкендија. Мечот ќе се одигра на арената „Филип Втори“ во Скопје, со почеток во 20 часот, а во продажба се пуштени билети за Јужната трибина на нашиот најголем стадион.
Билетите од блок 1 и блок 2 на Јужната трибина се наменети за симпатизерите на Работнички и ќе можат да се купат преку продажната мрежа на „мктикетс.мк“, како и на билетарницата на стадионот со документи за лична идентификација.
Билетите се по цена од 100 денари. Блоковите 3 и 4 ќе бидат наменети за неутрални гледачи, додека за фановите на Шкендија се наменети влезници од блоковите 5 и 6.
Двете екипи в недела ќе имаат свои тренинзи на арената „Филип Втори“, во пресрет на големото финале кое се игра следниот ден.