Најденов доби повик во А-репрезентацијата на Македонија
Фудбалерот на Работнички, Бојан Најденов, доби повик во А-репрезентацијата на Македонија за претстојните пријателски натпревари против Азербејџан на 29 мај во Швадорф (Австрија) и против Иран на 2 јуни во Скопје.
Тој по забележителните игри во дресот на нашиот клуб се најде на списокот на селекторот Игор Ангеловски од 21 фудбалери за овие два тест – дуели на сениорскиот национален тим.
Покрај Најденов кој ќе биде дел од А-селекцијата, тројца фудбалери на Работнички се повикани и во младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година. На списокот на селекторот Благоја Милевски се најдоа Дамјан Шишковски, Елиф Елмаз и Кире Маркоски.