Ставрев ќе го суди мечот Работнички – Вардар
Работнички утре (16.30 часот) ќе го пречека Вардар во рамките на последното коло од Првата фудбалска лига, а мечот ќе го суди Александар Ставрев. На него ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, а дополнителни судии зад головите се Дарко Стојчевски и Јосип Бартон (сите од Скопје).
За делегат на натпреварот е одреден Тони Шалев од Кавадарци, додека контролор на судењето ќе биде Ванчо Коцев од Штип.