Европо, повторно ти доаѓаме: Заедништвото е силата на Работнички
Мисијата е комплетирана. Работнички успеа во својата цел, повторно обезбеди пласман во Европа, а комплетниот натпреварувачки погон, заедно со дел од раководството на клубот, вечерва излезе во ноќен живот, да го прослави новото учество во квалификациите на Лигата на Европа.
„Европо, повторно ти доаѓаме. И пак ќе имаме успешно европско лето“, порачуваат фудбалерите на нашиот тим.
Капитенот Милан Илиевски напоменува дека Работнички има нешто што другите го немаат, заедништво и феноменален тимски дух, што повторно ќе го врати клубот на самиот врв.
„Горд сум што сум капитен на овие прекрасни личности и фудбалери. Ова е тоа што ќе го врати Работнички повторно на врвот, нашето заедништво“, истакнува Илиевски.
Работнички ќе учествува во квалификациите за Лигата на Европа и оваа сезона, со надеж дека ќе го повтори, а зошто и да не го надмине, успехот од минатото лето, кога стигна на чекор до пласман во групната фаза од ова натпреварување.