Помладите пионери на Работнички станаа шампиони на Македонија
Помладите пионери на Работнички станаа шампиони на Македонија во својата возрасна категорија. Тие со триумфот на гости против Ренова (0-4) ја заверија шампионската титула за натпреварувачката 2015/16 година. Предводени од Марјанчо Андрески, кој е помошник и на Томислав Франц во првиот тим, младите „романтичари“ покажаа дека клубот нема потреба да се грижи за својата светла иднина.
Работнички шампионатот го заврши со 58 бода, еден повеќе од Вардар, а Шкендија заврши на третата позиција со 54 бода. Помладите пионери играа и во финалето на Купот на Македонија за оваа возрасна категорија, но загубија од тимот на Шкупи.
Избраниците на Андрески го заверија трофејот со победата над Ренова на гости од 0-4. Ален Личина беше двоен стрелец на овој натпревар, постигнувајќи голови во 3. и во 33.минута, а во листата на стрелците се запишаа и Давид Тошевски во 13.минута, како и Димитар Тодоровски во 24.минута.