Душко Трајчевски го продолжи договорот до 2018 година
Работнички го продолжи договорот со играчот од средниот ред, Душко Трајчевски. Тој потпиша нов договор со нашиот клуб, обврзувајќи се да го носи дресот на Работнички до јуни 2018 година. Со ова продолжува интенцијата на клубот да го задржи костурот на тимот за претстојната сезона, обидувајќи се да доведе и неколку освежувања во играчкиот кадар.
„Успеавме да најдеме заеднички јазик со Душко Трајчевски за продолжување на соработката. Тој потпиша нов двегодишен договор со Работнички и среќни сме што овој голем борец на фудбалскиот терен ќе го имаме и понатаму во нашиот тим. Раководството на клубот во наредниот период ќе продолжи со активности, за формирање на тимот со кој ќе се претставиме на меѓународна сцена, во квалификациите за Лигата на Европа“, вели спортскиот директор, Иван Поповски.
Досега Работнички ангажираше две нови засилувања во составот, Филип Наумчевски и Деан Митрев.