И Нехар Садики следните две години во Работнички
Младинскиот репрезентативец на Македонија, Нехар Садики, е нов член на Работнички. Тој потпиша договор до 2018 година и ќе го засили нашиот тим во пресрет на настапите во Лигата на Европа.
Садики е централен дефанзивец, доаѓа од редовите на второлигашот Еуромилк и ќе ја засили конкуренцијата во одбранбената линија на тимот.
„Среќен сум што доаѓам во Работнички и се надевам дека со својата работа ќе се наметнам кај шефот на стручниот штаб Томислав Франц“ – вели младиот Садики.