Милан Ристовски и Ристо Јанков потпишаа професионални договори
Работнички продолжува со својата интенција за надградување на тимот од својот погон. Во таа насока, први професионални договори со клубот потпишаа Милан Ристовски и Ристо Јанков. Тие се обврзаа на четиригодишна верност со Работнички.
„Тие се млади, но со веќе завидно прволигашко искуство. Работнички се гордее што во своите редови и понатаму ќе ги има Милан Ристовски и Ристо Јанков, кои ги потпишаа првите професионални договори. Веруваме дека и двајцата се светла иднина за ФК Работнички, но и за македонскиот фудбал“ – вели спортскиот директор, Иван Поповски.