Пионерите на Работнички трети на турнирот во Сандански
Пионерите на Работнички /генерација 2006/ го освоија третото место на меѓународниот турнир „Мини фудбалска магија“ што се одржа во бугарскиот град Сандански. Во својата група ја победија Беласица од Петрич со 1-0, Сандански со 5-2, а со Славија Софија Одиграа нерешено 0-0. Поради послаба гол разлика беа втори во групата и во борба за третото место на турнирот го победија клубот Метал од Перник со 2-0.
На турнирот учествуваше и генерација на Работнички, играчи родени 2005 година, која се пласираше на четвртото место. Во својата група го совладаа Пирин од Благоевград со 5-1, Малеш од Сандански со 4-2, но загубија од Метал со 3-0 и се бореа за трето место, но не успеаја да го освојат. Беа поразени од Беласица Петрич со 1-0.
Победник на турнирот во двете конкуренции е Арис од Солун .