Напорна работа за успешно европско лето (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Фудбалерите на Работнички под водство на тренерот Томислав Франц ги продолжуваат летните подготовки во Терме Чатеж, Словенија. По двата пријателски натпревари и двете победи над АСК Браво и над НК Загреб, тимот се подготвува за „генералката“ со кипарскиот прволигаш Омонија, но пред се за европските искушенија што претстојат во квалификациите за Лигата на Европа.
Во меѓувреме, базата во Терме Чатеж нуди одлични услови за работа…