Австриска идила пред „генералката“ со Омонија (ФОТО)
Експедицијата на Работнички ја напушти базата Терме Чатеж во Словенија, каде се подготвуваше во изминатиот период, и се пресели во Австрија во пресрет на утрешниот тест – натпревар против кипарскиот прволигаш Омонија, кој ќе се одигра во Бишофсхофен, со почеток во 16 часот.
Тимот е сместен во хотелот „Соне – Кирхбоден“ во Хофмарк, во пределот на австриските Алпи, а утре ќе се упати кон Бишофсхофен.