Совладана и Омонија (2-0) на „генералката“ во Австрија
Работнички ја оствари и третата победа на летните подготовки, совладувајќи го кипарскиот прволигаш Омонија со 2-0 на мечот одигран во австрискиот Бишофсхофен. На „генералката“ пред настапите во квалификациите за Лигата на Европа, тимот на Томислав Франц покажа квалитетна игра и го надигра реномираниот ривал.
Работнички поведе во 13.минута, а стрелец на погодокот беше хрватскиот интернационалец Иван Галиќ. До крајот на првиот дел, Алтипармаковски и Кире Маркоски се заканија кон противничкиот гол. На спротивната страна, Шеридан упати силен шут, но Шишковски беше на висина на задачата.
Во 50. минута, Суад Сахити шутираше над голот од 16 метри од изгледна позиција. Седум минути подоцна, Цикарски центрираше од левата страна, а Алтипармаковски со глава шутираше над голот.
Во 71.минута, Работнички поведе со 2-0. Стрелец на погодокот беше Хрватот Марко Колаковиќ, кој се наоѓа на проба во нашиот тим. Беше тоа одлична акција, која на крајот ја материјализираше Колаковиќ.
Во 88.минута, Росиас упати удар со глава, но Шишковски беше на вистинското место.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР
РАБОТНИЧКИ – ОМОНИЈА 2-0 (1-0)
Стадион во Бишофсхофен. Стрелци: Галиќ 13’, Колаковиќ 71’ (Работнички). Жолт картон: Најденов (Работнички).
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Митрев, Најдовски, Цикарски, Трајчевски, Најденов, С. Сахити, Галиќ, Маркоски, Алтипармаковски.
Уште играа: Дурански, Елмас, Колаковиќ, Наумчевски, Херера, Е. Сахити, Садики.
ОМОНИЈА: Панаји, Панајоту, Маргала, Пантелиадес, Орсулиќ, Кателарис, Филакту, Иванов, Колубрис, Шеридан, Василиу. Уште играа: Јоргалидес, Кристодолу, Луварис, Економидес, Јоргенсен, Софоклеус, Кономис, Терапонтос, Росиас.