Пред утрешниот ждреб во Нион: Нема лесни противници во Европа
Работнички се подготвува за настапите во квалификациите за Лигата на Европа, надевајќи се дека може да дотурка далеку како и минатата сезона, а утре во Нион ќе го добие и ривалот со кој ќе ги одмери силите во јули, стартувајќи ја годинашната европска одисеја. Нашиот клуб е единствен од сите македонски клубови кој е меѓу носителите, согласно својот коефициент во УЕФА, па треба да очекува и релативно полесен ждреб. Но, јасно дека во Европа веќе одамна нема лесни противници.
Како и секоја година, УЕФА утре наутро пред официјалниот ждреб, ќе ги подели клубовите во неколку подгрупи, па тогаш ќе се знаe и потесниот избор од неколку потенцијални ривали на Работнички. Дотогаш, можеби желбите се на стартот да се добие противник како Торшавн (Фарски Острови), Ла Фиорита (Сан Марино), Европа (Гибралтар), Фола Еш (Луксембург).
Според правилата, Работнички за противници не може да ги добие останатите македонски претставници во квалификациите за Лигата на Европа кои се меѓу неносителите, Шкендија и Силекс.