Ако Работнички го мине Будуќност, следен ривал е Генк
Белгискиот претставник Генк ќе биде следниот ривал на Работнички во второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Доколку избраниците на тренерот Томислав Франц успеат да го елиминираат црногорскиот клуб Будуќност, во следната рунда ќе ги очекуваат дуели со Генк. Тоа е најквалитетниот клуб според рејтингот (36) во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.
Според ждребот, Генк би бил домаќин на првиот меч, а реваншот би се одиграл на арената „Филип Втори“ во Скопје.