Работнички ќе го пречека Будуќност на 28 јуни во 18 часот
Работнички ќе биде домаќин на црногорскиот клуб Будуќност на 28 јуни, со почеток од 18 часот, два дена порано од претходно утврдениот термин за одигрување на првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Оваа одлука на УЕФА, која доаѓа поради тоа што македонските клубови натпреварите во европските купови ги играат на ист стадион, арената „Филип Втори“, пристигна попладнево во канцеларијата на Работнички.
„Работнички ќе го нагости црногорскиот претставник Будуќност на 28 јуни (вторник), со почеток од 18 часот. Насоката на УЕФА беше и терминот да не се поклопува со мечевите од квалификациите за ЛШ, што значи дека 18 часот е крајниот термин за почеток на овој меч. Реваншот ќе се игра на 7 јули (четврток)“, истакнува генералниот секретар, Ненад Монев.