Работнички е секогаш домаќин за пример: Пречек на ниво за гостите (ФОТО)
Работнички секогаш се труди да биде домаќин за пример, кога е во прашање приемот на гостинските екипи и на официјалните лица од УЕФА. Со тоа достојно се презентира клубот на меѓународна сцена и се градат нови пријателства, но и се остава добар впечаток за македонскиот фудбал.
Вечерва, во пресрет на утрешниот меч, раководството на Работнички имаше пријатна вечера со гостите од фудбалскиот клуб Будуќност и од УЕФА. Пријателството е отпочнато и се надеваме дека ќе трае долго, како и со сите претходни ривали на фудбалскиот терен, но кои потоа останале големи пријатели на нашиот клуб.