Данецот Даугбјерг ќе го суди реваншот во Подгорица
УЕФА ја определи судиската четворка за реванш натпреварот од 1. квалификациско коло во Лигата на Европа меѓу Будуќност и Работнички во Подгорица.
Данецот Јорген Даугбјерг Бурхард ќе биде главен делител на правдата, а ќе му помогаат сонародниците Хеине Соренсен и Ларс Рикс. Четврти судија на мечот ќе биде Михаел Тикгард, исто така од Данска.
Делегат на натпреварот ќе биде Пидер Рајан од Ирска, а контролор Маријан Ружбарски од Словачка.
Натпреварот во Подгорица ќе се игра во четврток (7. јули) со почеток од 19 часот. Првиот натпревар во Скопје заврши без победник, 1-1.