Работнички на свадба кај Горан Силјановски
Горан Силјановски денеска стапи во брак со својата долгогодишна девојка Благица, а на свадбената веселба која се одржува во ресторанот „Арена“ во Тетово е поканет целокупниот тим на Работнички. Популарниот Шаро „скокна во тавче“, а соиграчите се секогаш тука за ’помош’ и во добро и во лошо.
Овојпат поводот е прекрасен, а ФК Работнички од срце му го честита стапувањето во брак на нашиот фудбалер.