Новата сезона ја почнуваме на гости против Македонија ЃП
Новата 2016/2017 натпреварувачка сезона од Првата македонска фудбалска лига, Работнички ќе ја отвори на гостински терен против повратникот во прволигашката конкуренција, Македонија ЃП.
Денешната ждрепка сакаше нашиот тим новата сезона да ја отвори со гостување во Ѓорче Петров, на 7. август.
По промената на натпреварувачкиот систем, во сезоната 2016/17 прволигашките ќе играат четирикружно, по 9 кола во секој круг, или вкупно 36 рунди во сезоната, без плеј-oф и плеј-аут како во изминатите сезони. Прволигашката сезона стартува на 7. август, а есенскиот дел од сезоната завршува на 4. декември. Пролетниот дел од првенството ќе почне на 19. февруари 2017 година.
ПМФЛ – 2016/17 – 1. КОЛО (7. август, 17:30 ч.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА
ВАРДАР – ШКУПИ
ВО 1/16-ФИНАЛЕТО ОД КУПОТ ПРОТИВ ЧАКЛАНИ ОД ГОРНО ПАЛЧИШТЕ
Во 1/16-финалето од Купот на Македонија, Работнички ќе гостува на екипата на Чаклани во тетовското село Горно Палчиште. Во 1/16-финалето од Купот на Македонија се игра само еден натпревар. Средбите меѓу најдобрите 32 екипи во најмасовното домашно клупско натпреварување ќе се играат на 17. август.