Работнички со донација и поддршка за загрозените по поплавите
Фудбалскиот клуб Работнички донесе одлука да донира финансиски средства за загрозените семејства по поплавите што се случија во околината на Скопје изминатиот викенд. Истовремено, изразува големо жалење и сочувство за оние кои загубија дел од семејствата во оваа голема трагедија, како и несебична поддршка за надминување на проблемите на загрозените.
Раководството, стручниот штаб и фудбалерите одлучија да одделат дел од своите месечни примања и несебично ќе ги донираат во хуманитарни цели.
Денеска, во пресрет на првиот натпревар од новата сезона, на гостувањето против Македонија ЃП, тимот на Работнички изрази и несебична поддршка за загрозените во поплавените подрачја, искрено надевајќи се дека многу брзо нивните животи ќе се вратат во нормален колосек.