Позитивна работна атмосфера и пред дуелот со Шкупи (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Тимот на Работнички се подготвува за натпреварот од второто коло во новото првенство на Македонија, неделното гостување на Чаир и дуелот со Шкупи. Тренерот Виктор Треневски и фудбалерите по одличниот настап и триумфот над Македонија ЃП (0-4) во првото коло, оптимистички гледаат и на следниот меч. Во позитивна атмосфера беше одработен денешниот попладневен тренинг во клупскиот комплекс.