Куп – натпреварот со Чаклани в среда, на Градскиот стадион во Тетово
Работнички оствари две победи на стартот од новиот шампионат во Првата лига, а веќе в среда ќе има обврски и во националниот Куп. Ќе се играат натпреварите од 1/16 – финалето од Купот на Македонија, а нашиот тим ќе му биде гостин на нисколигашот Чаклани. Мечот ќе се одигра на Градскиот стадион во Тетово, со почеток од 17 часот.
Одредени се и официјалните лица за овој натпревар. Главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци, а ќе му помагаат Тоше Ицев и Душко Панов, исто така од Кавадарци. Делегат на натпреварот е Светозар Станковски од Скопје, а за контролор на судењето е одреден Илир Сеља од Струга.