Ридван Адешина ново засилување на Работнички
Работнички во последните мигови на летниот преоден рок успеа да ангажира уште едно засилување. Се работи за нигерискиот интернационалец Ридван Рашак Адешина, кој доаѓа како отстапен фудбалер од албанскиот клуб Скендербег. Адешина ќе ја засили навалната линија во тимот и, според договорот со Скендербег, ќе го носи дресот на Работнички во наредните две сезони.
„Успеавме да го комплетираме договорот со нигерискиот интернационалец Ридван Рашак Адешина. Тој доаѓа како отстапен фудбалер од редовите на Скендербег, а во Работнички ќе остане во наредните две години. Со него ќе ја засилиме конкуренцијата во напаѓачките редови на нашиот тим и веруваме дека ќе се покаже како квалитетно засилување“, изјави спортскиот директор, Иван Поповски.