Работнички против Шкендија во осминафиналето на Купот
Работнички ја доби Шкендија за противник во осминафиналето на националниот Куп. Ждребот што се одржа денеска во Куќата на фудбалот одреди уште во осминафиналето да се случи реприза на минатогодишното финале, во кое нашиот тим ги одмери силите со Шкендија.
На првиот натпревар Работнички ќе биде домаќин (21.септември), додека реваншот во Тетово е на програмата на 12.октомври.
На останатите мечеви од осминафиналето на Купот на Македонија се среќаваат: Силекс – Хоризонт Турново, Академија Пандев – Шкупи, Пелистер – Ренова, Велазерими – Вардар, Брегалница – Тетекс, Новаци – Победа, а Металург директно ќе се пласира во четвртфиналето.