Кире Маркоски донесе победа за Македонија против Шкотска
Фудбалерот на Работнички, Кире Маркоски, беше стрелец на победничкиот погодок за младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на вечерашниот квалификациски натпревар против Шкотска за триумф од 0-1 во Единбург. Со овој триумф младите македонски фудбалери ги задржаа шансите за првите две места во квалификациската група и надежта за пласман на Европското првенство.
Кире Маркоски во 18.минута доби одлична топка од Марјан Радески и извонредно се снајде во противничкиот шеснаесетник, а со одмерен удар успеа да ја затресе мрежата на Шкотска. Тој го одигра целиот меч во Единбург.
Kire Markoski Goal HD – Scotland U21 0-1… by 1SportS
На клупата на македонскиот национален тим до 21 година беа уште двајца фудбалери на Работнички, голманот Дамјан Шишковски и играчот за врска Елиф Елмас.