Кире Маркоски повторно стрелец за Македонија
Фудбалерот на Работнички, Кире Маркоски, беше стрелец за младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година и на денешниот квалификациски натпревар против Северна Ирска во Скопје, што нашиот национален тим го доби со 2-0. Маркоски погоди за победа на гостувањето во Единбург против Шкотска (0-1), постигнувајќи го единствениот погодок, а вечерва беше стрелец на вториот гол за Македонија во 85.минута, откако во првиот дел Џош Доерти си постигна автогол.
На денешниот натпревар настапи и Елиф Елмас, кој влезе во игра во 80.минута на местото на Давид Бабунски. На клупата за резервни фудбалери беше и третиот член на Работнички, голманот Дамјан Шишковски.